27.07.2024

По победата над Романија, нашата селекција „Под 16“ славеше триумф и во дуелот со Швајцарија, (65:63)

Кадетската репрезентација на Македонија подобра и од Швајцарија

Машката кадетска селекција на Македонија стигна и до вториот триумф на традиционалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија.

По стартната победа (75:73), вчера, во дуелот против соодветната селекција на Романија, вечерва, тимот кој го предводи селекторот Александар Јованчев по скоро слично „сценарио“, ја доби пресметката и против репрезентациата на Швајцарија. Славевме со минимални (65:63), па утре вечер, од 19.30 часот во натпреварот за првото место на собирот во Гевгелија, ќе се бориме против репрезентацијата на Израел.

Македонските кадети беа подобри во првото полувреме, особено во вториот квартал.

По стартното водство (21:18) во првата четвртина, Македонија ја одугра најдобро онаа втората. Ја реализиравме во наша корист со (14:5), за убедлива предност по 20.минути игра (35:23).

Швајцарците се покажаа како подобар ривал во вториот дел од играта, но нашите кадети успеаја да ја сочуваат позитивата која ја градеа во првото.

Нешовиќ реализираше 16.поени, Цветковски имаше 12,Ѓорѓевиќ два помалку. Во листата на стрелците „влегоа“ и  Данев кој го финишираше овој меч со осум реализации, Терзиевски имаше седум, Ефтимовски четири, а Ештрефи и Петковски по три поени.