09.02.2017 Репрезентативците до 16 години ги совладаа врсниците од Анадолу Ефес Македонската селекција за кошаркари до 16 години со победа против врсниците од Анадолу Ефес ја започна серијата на пријателски средби на гостувањето во Истанбул, Турција. Нашите млади кошаркари денеска во првиот пријателски меч го победија тимот на Анадолу Ефес со 64-54. Против истиот ривал македонскиот национален тим ќе одигра уште еден пријателски натпревар на последниот ден од престојот во Турција на 12 февруари. Утре избраниците на Небојша Ѓуковиќ ќе се сретнат со кадетите на уште еден Евролигашки состав, Дарушафака.