24.06.2021

Од 4. до 10.јули, на гости ни доаѓаат репрезентациите на Украина, Бугарија и селекција на колеџ играчи од САД...

Како дел од подготовките на У18 и У20 селекциите, силен меѓународен турнир во Скопје

Како дел од подготовките за настап на играчите „Под 20“ во групата „Д“ од ФИБА „Челенџерот“ кој од 20 до 25.јули ќе се одигра во Шопрон (Унгарија), како и натпреварите од групата „А“ од ФИБА „Челенџерот“ за кошаркари  „Под 18“ кој од 3. до 8.август ќе се игра во Скопје, на почетокот на следниот месец-јули, поточно во периодот од 4. до 10.јули, нашата федерација ќе организира меѓународен турнир на кој учество ќе земат следните селекции:

САД - колеџ селекција

Украина (У20)

Бугарија (У20)

Македонија (У20)

Македонија (У18)

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

4.ЈУЛИ-18.00: Македонија У20 – САД колеџ селекција

5.ЈУЛИ-18.00: Македонија У18 – САД колеџ селекција

6.ЈУЛИ-20.00: Македонија У20 – Украина

7.ЈУЛИ-18.00: САД колеџ селекција – Македонија У20

7.ЈУЛИ-20.30: Украина – Бугарија

8.ЈУЛИ-18.00: Македонија У20 – Бугарија

8.ЈУЛИ-20.30: САД колеџ селекција – Украина

9.ЈУЛИ-18.00: Украина – Македонија У18

9.ЈУЛИ-20.30: Бугарија – САД колеџ селекција

10.ЈУЛИ-20.30: Македонија У20 – САД колеџ селекција

*Сите натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје