18.08.2025

Овие работилници се посветени на градење на умот еднакво силен како и телото...

Како дел од проектот “Where is Your Mind?!” реализирани две интерактивни работилници

Во рамките на проектот “Where is Your Mind?!” беа реализирани две интерактивни работилници со нашата, како и со останатите репрезентации.

Нашата репрезентација имаше индивидуална работилница пред почетокот на првенството, која помина одлично и послужи како подготовка не само на физички, туку и на ментален план.

Втората работилница се одржа на 10.август. во хотелот „Континентал“, каде имавме можност да собереме повеќе репрезентации на едно место.

Таму учесниците се запознаа со техники за дишење, методи на справување со притисок и начини на поефикасно функционирање како индивидуи, така и како тим.

Младински лидер и оваа година беше Моника Ѓорѓиевска, која ја започна оваа иницијатива минатата година меѓутоа оваа година во различна атмосфера, поинакви услови и активности.

Резултатите од вакви активности можат да бидат разновидни – како и резултатите од самите натпревари.

Но едно е сигурно: за менталниот и емоционалниот развој на нашите играчи потребна е континуирана работа пред, за време и по првенството.

Без разлика на исходот на играта, овие работилници се посветени на градење на умот еднакво силен како и телото. Само со постојана поддршка можеме да создадеме спортисти кои се подготвени не само за спортски предизвици, туку и за животните.