06.02.2021

Знамињата на државите од каде доаѓаат странските кошаркари на трибините во Данкерк, а на видно место е поставено и македонското.

Како и колку Гравелин го почитува Војдан Стојановски!

Гравелин знае како треба да се однесува спрема своите играчи. Со оглед на тоа дека во овој период нема присуство на публика во салата „Спортика“, раководството на популарните „морнари“ пронајде одлична солуција како да ги пополни „празнините“ на трибините на својот дом.

Ги закачи знамињата на државите од каде доаѓаат оние условно кажано странски кошаркари. А на видно место во горниот ред од трибините е поставено и македонското.

Секако, во чест на капитенот на македонската сениорска репрезентација, Војдан Стојановски.

Таква беше и сликата од последниот тренинг пред вечерашниот дуел на Гравелин, против екипата на Орлеанс кој стартува од 20 часот.