23.02.2021

Капитенот Војдан Стојановски е централната фигура и во овој циклус од квалификациите, сега за пласман на ЕП во 2022 година.

Како играше Македонија во овој квалификациски циклус

Стојановски е еден од петмината кошаркари кои ги одиграа сите шест квалификациски мечеви. Заедно со Андреј Магдевски, Бојан Крстевски, Стојан Ѓуроски, и Дамјан Стојановски.

И со најголема минутажа во таа петорка, просечни 31.8 минути по натпревар, и со највисока реализација, просек од 15.2 поени.

Ненад Димитријевиќ одигра пет мечеви, не беше само на првото гостување во Перм, во минатиот февруари. Но тоа не му посмета да дојде до бројката од 18.4 реализации по натпревар која го прави прв стрелец во квалификациите. А со просечните 30.3 минути поминати на теренот е еден од четворицата со 30, и повеќе минути во игра.

Тука се уште Џејкоб Вајли, кој има 32.минути, и Шејн Витингтон, кој има највисок просек – 35.1 минута, но на само две одиграни средби за националниот тим.

Имаме и една петорка на играчи кои имаат двоцифрен број на дадени поени во квалификациите.

Освен Димитријевиќ (18.4 поени), и В. Стојановски со 15.2, на турниrот во Перм, каде одигра четири натпревари, Вајли се проби со просечни 16.поени, Бојан Трајковски има 10.8, а Витингтон 14.5, но на два меча, оние првите, во Скопје (против Естонија) и во Перм (против Русија).

Џејкоб Вајли е нашиот прв скокач со просечни 7.5 скока по меч, блокер, со 2.3 блокади, и има најмногу освоени топки, по 1.3 по натпревар, додека Ненад Димитријевиќ е прв асистент со 5.6 додавања на натпревар.

Процентуално, Шејн Витингтон има највисок процент на реализација на слободните фрлања (8/9 или 88.9%) на двата одиграни натпревари, пред Кристијан Николов со 85.7%, и Ненад Димитријевиќ кој има 84% (21/25).

Во шутот за два поени, предначи новото име во нашиот национален тим – Џејкоб Вајли. Има извонредни 75% на реализација (27/36), висок е процентот и кај Андреј Магдевски, односно Бојан Крстевски - 66.7%.

Бојан Трајковски е најдобриот реализатор во шутот за три поени. Искусното крило погоди 8. од 19. обиди вредни три поени, или процентуално со 42.1% на успешност.  

На шесте средби, Македонија постигна вкупно 473 поени, или во просек по 78.8 поени. Примивме 506 поени, или просечни 84.3 поени.

Имаме и 33 скока, 17.5 асистенции, 11.5 загубени и 5.2 освоени топки во просек, како и 3.3 блокади по натпревар.

Од оние 20. репрезентативни кандидати кои ги повика селекторот Александар Тодоров, иако бев во тимот, шанса за настап не добија најмладите, Теодор Симиќ, Андреј Митревски, Лука Савиќевиќ, плус Филип Бакоч и Андреј Маслинко (беше повреден).

Како играше Македонија во овој квалификациски циклус: