03.03.2025 Alley - oop! Вчера, недела (2. март, 2025 година) имавме неверојатна можност да бидеме организатори на еден од најзабавните настани – Минибаскет фестивал! Овој фестивал беше посветен на најмалите, но воедно и најсреќните учесници! Фестивалот е дел од проектот на КФСМ - Alley-Oop, поддржан од FIBA, а ова беше само првиот настан – вториот е веќе во план и ќе биде посветен на останатите клубови кои не беа дел од првата фаза. Се заблагодаруваме и на нашите поддржувачи Виталиа и сокчињата од Соко кои не освежуваа во текот на целиот настан! Имавме фантастична забава, а во наредните денови ќе слушнеме и инспиративни изјави од најмладите учесници! За одлични потези – Alley-Oop! Повеќе фотографии од минибаскет фестивалот се достапни на Фејсбук профилот на КФСМ.