22.12.2019

Каква магија на Димитријевиќ (ВИДЕО)

Неверојатен потег изведе македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ на „дербито на Каталонија“. На фаворизираните кошаркари од „Блауграна“ им продаде една од најневеројатните „финти“ досега видени во кошаркарскиот свет.

Иако на крајот победата остана за Барселона, овој дуел во Бадалона ќе остане запаметен по магијата која ја изведе нашиот Нено во текот на вториот период од играта.