Неговите „Кугарс“ го совладаа Универзитетот Калифорнија со убедливи (82:51), а нашиот кошаркар беше еден од најдобрите на теренот.
По подолго време беше и стартер, на теренот помина 31 минути (најмногу кај ВСУ) и максимално го искористи тоа. Реализираше 11 поени (три тројки од шест обиди), а додаде и седум скока и рекордни за него во НЦАА – девет асистенции.
Малку недостасуваше да дојде до својот прв трипл-дабл во дресот на Вашингтон Стејт Универзитет.
Инаку, на ВСУ му остануваат уште три натпревари од основниот дел на сезоната: против Стенфорд на 20, Аризона на 25 и Аризона Стејт на 27 февруари.
Што изјави нашиот млад репрезентативец по овој натпревар...