21.11.2024 Извршниот директор на ФИБА-Европа, вечерва е дел од аудиториумот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје Вечерашниот натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Литванија, кој е од исклучителна важност за двете селекции од групата „Х“ од евро-квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025, донесе полно гледалиште во салата на СРЦ „Кале“. А како специјален гостин на Македонската кошаркарска федерација, е извршниот директор на ФИБА-Европа, г-динот Камил Новак. Еден од водечките луѓе на европската зона на ФИБА, го следи дуелот на старите познаници од кошаркарскиот терен, во друштво на претседателот на нашата федерација, Перо Антиќ, и генералниот секретар Владимир Георгиевски.