01.08.2018

Камил Новак во посета на МКФ и на АМС

Извршниот директор на ФИБА Камил Новак денеска пристигна во Скопје, во работна посета за организацијата на Европското првенство (дивизија Б) кое од 27. јули се одржува во Скопје. Новак се сретна со раководството на Македонската кошаркарска федерација, направи мала ’обиколка’ на спортските објекти каде се одигруваат натпреварите како и хотелите каде се сместени репрезентациите. Потоа извршниот директор, заедно со Изабела Дела Фиори (дел од менаџментот за настани при ФИБА) како и Генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска и спортскиот директор Владимир Темелковски остварија средба и со Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Дарко Каевски.