07.08.2025

Извршниот директор на ФИБА проследи и дел од натпреварите на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, во нашиот главен град

Камил Новак во посета на Скопје и работни состаноци со раководството на нашата федерација (ФОТО)

Камил Новак, извршниот директор на ФИБА е во Скопје, како специјален гостин на Македонската кошаркарска федерација.

Во текот на денот, освен остварените работни состаноци со раководниот тим на нашата федерација, еден од водечките луѓе на светската кошаркарска федерација, во присуство на потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски, и генералниот секретар, Томче Стојчевски, денеска беше присутен и на дел од натпреварите од првиот ден на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое се игра во нашиот главен град.