07.08.2018

Караванот 3х3 продолжува! Следна дестинација – Гевгелија!

Баскетџии од Македонија! Сакате да се докажувате на вистински терен? Да ги демонстрирате своите вештини пред сите? Да докажете дека сте многу поспособни од противниците во непосредната околина?! Направете го тоа на следниот 3х3 турнир во нашата држава организиран од здружението 3x3Macedonia!

Заокружете ги датумите – 25. и 26. август! Караванот 3х3 продолжува во Гевгелија!

Црвено-синиот терен повторно ќе биде во центарот на вниманието на сите кои ја сакаат оваа игра! Во строгиот центар на градот шеснаесет екипи од Македонија parimatch казино ќе имаат можност да се надигруваат и да се докажуваат. Најдобрите дванаесет екипи од сите одржани турнири ќе добијат место на финалниот турнир од премиерната 3х3 лига кој ќе се одигра в Скопје во септември.

Пријавувањето веќе е во тек! Обезбеди го своето место!

Повеќе информации на info@3x3macedonia.mk...

Турнирот е поддржан од Општината Гевгелија како и од кошаркарскиот клуб Кожув.