Кошаркарите на Хувентуд со пораз го стартуваа завршниот турнир од „Ендеса“ лигата кој се игра во Валенсија.
Во уводниот меч на 12. најдобри тимови во Шпанија за сезоната 2019/2020, Барселона славеше во каталонското дерби со Хувентуд (96:92).
Ненад Димитријевиќ беше во стартната петорка на Хувентуд.
Во првиот дел од играта македонскиот репрезентативец одигра повеќе од 12. минути. Репрезентативниот бек реализираше шест поени (3/7 за два и 0/1 за три поени), имаше и една асистенција.
А Хувентуд, ослабен со неиграњето на својот прв поентер, Клемент Препелич, не успеа да се опорави по лошите, стартни, пет минути во кои Барселона поведе со (16-2), и првото полувреме го реши во своја корист со идентична предност од (44:30). До истекот на третиот период, Димитријевиќ додаде уште два поени (од линијата за слободни фрлања), но Барселона ја одржуваше високата разлика.
Водеше со резултат (74:57).
Со серијата од (12-0) во нецели три минути, Хувентуд се симна на едноцифрена негатива (69:76), а Нено ја запиша и четврттата асистенција на мечот, а по неговиот десетти поен, беше и (71:78). Екипата од Бадалона обезбеди неизвесна завршница во која Барса сепак се одбрани и стигна до првиот триумф на турнирот во Валенсија.
Меч во кој Македонецот запиша десет поени (0/3 за три, 4/8 за два и 2/2 за еден поен), четири асистенции и еден скок за 26.минути во игра.
Во второто коло од групата „А“, за два дена, на 19.јуни, Хувентуд ќе игра против екипата на Билбао Баскет.