25.09.2021

Суперкуп „Драган Василов Цевка“- 2021

Катерина Поп-Димитровска: „Кратко време сме заедно, ни треба време да се воиграме“

Кошаркарките на Баскет КАМ не успеаја во обидот да стигнат и до третиот по ред трофеј. По освојуавњето на Купот и шампионската титула, во премиерниот меч од Суперкупот „Драган василов Цевка“,  беа сопрени од нивниот голем ривал Бадел 1862.  

„Бадел уште еднаш потврди дека се екипа со долгогодишна традиција. Дојдоа до заслужена победа. Во однос на нашата игра, можам да кажам дека ние пред недела дена почнавме и ни недостасува уште време. Има недостатоци, сепак, ова е нова екипа и треба време сите да се запознаат. Имаме три искусни играчи кои не се познаваат меѓу себе, останатите се млади. Ова е почетокот, ние нема да го гледаме почетокот на сезоната, туку крајот“, изјави тренерот Јелена Антиќ.

Слични се и размислувањата на Катерина Поп-Димитровска:

„Пред се, би сакала да им ја честитам победата на кошаркарките на Бадел. Причината за овој пораз е што многу кратко време тренираме заедно и уште не сме добро воиграни. Потребни ни се тренинзи за да дојдеме до она ниво кое го сакаме. Нашите амбиции за оваа сезона се позитивни, се трудиме да се вклопиме со новите играчи и мислам дека наскоро ќе успееме во тоа и ќе го покажеме тоа. Верувам дека овој тим ќе има многу подобри резултати понатаму. Сакам да го повториме успехот од лани, тоа се двете титули“ - кажа по првиот меч од Суперкупот во историјата, Поп-Димитровска.