И има за цел да ја промовира кошарката на жените и девојчињата низ цела Европа преку разни активности спроведени во партнерство со Националните федерации.
Деновиве, Одборот на ФИБА Европа и официјално ја одобри распределбата на нови средства за поддршка на главната цел привлекување девојчиња во спортот на возраст од основно и средно училиште (возраст од 6-15 години) преку глобална кампања наречена „Нејзиниот свет, нејзините правила“.
Согласно со тоа, и нашата федерација ќе ги започне активностите поврзани со оваа програма на ФИБА Европа. Секако условено, во зависност од здравствената ситуација во нашата земја која ја диктира пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД -19, тие би почнале со почетокот на новата учебна година.
Инаку проектот „HER WORLD, HER RULES“ е поддржан од некои од најистакнатите женски играчи во светот на кошарката, како што се Алба Торенс, Ема Месеман и Марија Вадеева.
„Мислам дека секој проект за стимулирање на младите девојки да играат кошарка или само спорт е одличен и тој треба да се промовира во максимум“ - вели Ема Месеман.
Алба Торенс се надоврза на овие зборови: „Мислам дека е одличен проект да им помогнеме на малите девојчиња да се борат за своите соништа да играат кошарка. Таа дава толку многу вредности за животот, а ние учиме додека уживаме во убав спорт".