25.12.2019

КФСМ ги прогласува најдобрите за 2019

На посебна свеченост, вечерва, од 20.часот, во хотелот „Double Tree by Hilton“во Скопје,  македонската федерација ќе ги прогласи најуспешните за годината која полека ја оставаме зад нас.

 

Кошаркарската  федерација на Северна Македонија вечерва во  хотелот „Double Tree by Hilton“(во салата Платинум (спрат -1) во Скопје од 20. часот ќе ги додели наградите и признанијата за најдобрите во македонската кошарка за 2019 година.

Номинирани за најдобар кошаркар се Ненад Димитријевиќ и браќата Војдан и Дамјан Стојановски, додека меѓу предложените за најдобар тренер во македонската кошарка се Ѓорѓи Кочов, Марин Докузовски и Марјан Србиноски.

Вечерва ќе бидат прогласени и најдобрите во младинска, машка и женска конкуренција, потоа најдобриот тренер и играч во двете младински конкуренции, како и посебна награда за македонски тренер кој работи во странство.

Освен тоа ќе им се доделат и признанија на истакнати кошаркарски работници и компании, за придонес во развојот на македонската кошарка.