28.02.2020

КФСМ ја прифати препораката на Владата, натпреварите ќе се одиграат без присуство на публика

По добиената препорака од Владата на РСМ до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020 година да се играат без присуство на публика, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија донесе одлука дека сите натпревари кои се во организација на федерацијата ќе се одиграат без присуство на публика.

Претходно, на својата 11.седница, Владата на РСМ препорача да се откажат масовните јавни собири до 6 март, а спортските натпревари да се играат без публика, по предлогот на министерот за здравство Венко Филипче.

Одлуката доаѓа по појавата на првиот случај со коронавирус во земјава.

„Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации“- објави министерот за здравство, Венко Филипче.