21.07.2020

Секој клуб може да испрати по три талентирани кошаркар/ки во овие две возрасни категории...

КФСМ организира селективни тренинзи за кошаркар/ки родени 2007 и 2008 година

Кошаркарската Федерација на Северна Македонија во наредниот период ќе започне со селективни тренинзи на кошаркари родени 2007 и 2008 година, во машка и женска конкуренција.

Ве молиме од вашиот клуб да доставите листа на најпреспективни млади кошаркари/ки, селектирани од тренерите кои работат со наведените генерации.

Најмногу 3 кошаркари/ки родени 2007

Најмногу 3 кошаркари/ки родени 2008

 

 

Во листата да бидат наведени:

Име и презиме на кошаркарот/ката

Дата на раѓање

Контакт телефонски број на родителот

Податоците да бидат доставени електронски, најдоцна до 23.07.2020 (четврток) 12.00 часот до канцеларијата на КФСМ.