24.12.2019

КФСМ ЗАКАЖУВА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Кошаркарската федерација на Северна Македонија Ве повикува на Прес-конференција.

Конференцијата ќе се реализира на 25.декември (среда), со почеток во 12:00 часот, во просториите на хотелот „Елса“ во Скопје.

На прес-конференцијата ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација.

Го очекуваме Вашето присуство!