18.02.2020

КФСМ закажува прес-конференција

Кошаркарската федерација закажува прес-конференција, која ќе се одржи утре (19.02.2020, среда), во конгресната сала при А1 арената (Спортски Центар Борис Трајковски) со почеток во 11:00 часот.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат селекторот на нашата најдобра репрезентација, Александар Тодоров како и играчот на нашиот национален сениорски тим, Бојан Крстевски.

Сите акредитирани новинари преку сајтот на ФИБА, ќе можат да ги подигнат своите акредитации по завршувањето на прес-конференцијата.