Втората сезона на зимската лига започна непосредно пред крајот на календарска 2021 година, а шест месеци подоцна ја доби и разрешницата - екипата на Кино Влае ја потврди својата доминација освојувајќи ги златните медали. Во состав - Марко Дујковиќ, Мајкл Хикс, Милорад Миновски и Христијан Ристов, скопската екипа ги совлада Brotherhood (21-10), Црно Црвено (20-15) и Gezz (22-11) во групната (pool) фаза, а потоа во полуфиналето беше посилна екипа од Каса бар (20-18). Во финалето, повторно се сретна со екипата на Gezz, за да овој пат ја совлада со уште поголема разлика до шампионскиот трофеј (21-5).
Христијан Ристов, репрезентативецот на Македонија и играч на Кино Влае се закити со епитетот најкорисен играч - MVP, втора сезона во низа.
Резултатите од денешниот финален турнир се достапни на следниот линк. Снимка од тоа како се одвиваше играта на теренот е достапна - ТУКА.

