25.05.2018 Екипата на Работнички вечерва беше крунисана за шампион на Република Македонија откако избраниците на Марин Докузовски ја добија и третата битка против МЗТ Скопје Аеродом во рамки на финалната серија од Плејофот. Со тоа „центарци“ го симнаа клубот од Аеродром од шампионскиот трон кој себично го чуваше изминатите шест сезони. За црвено-белите од Градски Парк ова е јубилејна, петнаесетта, шампионска титула освоена после девет години. Кошаркарот Расел Робинсон е прогласен за најкорисен играч на финалната серија.