02.10.2020

Во наредните денови ќе бидат објавени системот и календарот за натпреварување во Лигата на Балканот

Клубови од Израел ќе им бидат конкуренција на Куманово и ТФТ во БИБЛ лигата

Раководството на Балканската лига денеска донесе изненадувачка одлука, отворајќи ги вратите за 12. екипи од израелскиот шампионат да влезат во конкуренција за сезоната 2020/21 во БИБЛ лигата.

Според предлогот на менаџментот на Лигата на Балканот, во првиот дел, кој ќе биде реализиран во текот на октомври, овие дванаесетт израелски клубови ќе играат меѓу себе.

Потоа, најдобрите два тима ќе се приклучат на екипите кои претходно испратија пријави за учество во ова балканско натпреварување во кое ќе учествуваат и две екипи од нашата земја, Куманово и новиот прволигаш ТФТ.

Во наредните денови ќе биде решено каков ќе биде системот, календарот и бројот на екипите кои ќе бидат дел од новата натпреварувачка сезона, во која со вклучување на најмалку две екипи од Израел, лигата ќе стане далеку поконкурентна.