Изгледот на табелата по одиграни 11. кола, е поткрепен и со оние клупски статистички податоци...
Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Гостивар се оние кои во 11.одиграни натпревари давале најмногу поени, или подобро кажано, биле офанзивно најсилни.
Статистиката вели дека лидерот и првиот пратител реализирале вкупно 943 поени на 11. натпревари, а тоа прави просек од 85.73 дадени поени по натпревар.
Резултат кој е за малку повисок од оној на Работнички кој е на бројката од 942 поени (просек 85.64), Еуро Никел 2005 со 85.18 и Кожув кој има 83.82 поени по меч.
Онаа втора статистичка категорија, скокачката, вели дека број 1 во Првата лига во овој период била екипата на Еуро Никел 2005. Кавадарчани имаат просек од 38.09 скока по натпревар, пред лидерот МЗТ Скопје Аеродром со 37.82, и Работнички со 36.73 скока по натпревар.
Кај најдобрите екипи според асистенциите, во преден план е Куманово 2009. Секако, најмногу поради двоцифрениот број на додавања кои ги реализира нивниот организатор на играта, Марјан Младеновиќ.
Кумановци се единствените со преку 20. успешни додавња по меч (20.18), а се следени од Кожув со 19.36, односно Пелистер со 18.73. асистенции.
Процентуално гледано, кошаркарите на Академија ФМП може да се пофалат дека во овие 11. кола шутирале најдобро од позицијата вредна три поени. Реализирале со 39.18% на успешност, што ги прави први тројкаши во елитата.
Веднаш до нив е екипата на Гостивар која има 37.95% на успешност, односно Пелистер со нијанса послаб скор од 37.89%.
Гостиварци пак се најдобрите во лигата кога станува збор за реализацијата од позиции кои вредат два поени. Избраниците на тренерот Марјан Србиноски погодуваат со 61.13% на успешност. Резултат кој е подобар во однос на оној кој го има Пелистер (59.15%), и Еуро Никел 2005 (57.99%).
Во однос на процентот на успешноста од линијата за слободни фрлања, тоа во овие 11. рунди најдобро го прави екипата која е прва на табелата.
МЗТ Скопје Аеродром има реализација од 79.81% од „пеналите“, со кои е во предност во однос на Пелистер кој има 79.44%, и изненадувачки, Вардар, екипа која погодува со 74.85% на успех од таа позиција.
Комплетната кумулативна клупска статистика по 11.одиграни кола може да се види на следниот ЛИНК