Со одигрување на 12. коло практично беше отворен вториот круг од првиот дел од Првата лига во оваа натпреварувачка сезона 2020/2021.
Макар што во практика, зад нас се и доста неодиграни натпревари, момент кој го услови појавата на корона вирусот кај скоро сите прволигашки екипи.
Оттука е и неправилно распределениот број на одиграни мечеви на 12.екипи учесници во Првата лига, во исто толку првенствени кола.
Клупската статистика вели дека и покрај поразот кој го доживеаја во дуелот со екипата на ТФТ во Скопје, кошаркарите на Пелистер ги задржаа водечките позиции во неколку битни статистички параметри.
Сеуште се над „стотката“, во просек реализираат по 100.1 поени по натпревар. Со најдобар шут за три поени во лигата од 38.6%, со кој се пред Еуро Никел 2005 со нијанса послаби 38.5%, и МЗТ Скопје Аеродром со 38.04%.
„Пелистерци“ најдобро шутираат и за два поени, со 66.13%, пред Гостивар со 62.38 % и Еуро Никел 2005 чија реализција од таа позиција е 59.39%.
Во оние за еден поен, предначи екипата на Еуро Никел 2005 чии кошаркари погодуваат со 77.78%. Зад нивниот, е ефектот на Пелистер од 77.56% и на Вардар од 74.16%.
Младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка го чува приматот кај скоковите. Првата позиција ја бранат со просечни 39.43 скока по натпревар.
Пелистер е прв во уште една категорија-асистенциите. Затоа што во просек „зелено-белите“ имаат по 23.1 успешни додавања. Пред Гостивар со 21.67 и Еуро Никел 2005 со 21.38 асистенции по меч.
Гостивар е екипата која има најмногу освоени топки, по 9.44, пред ТФТ со 9.22 и МЗТ Скопје Аеродром кој е на 8.33.
Екипа со најмногу загубени топки во досегашниот дел од сезоната е Куманово 2009. Имаат просек од 19.13 загубени топки, зад нив е Вардар со 18.89 и Кожув со 15.83.
Кумулативната статистика во Првата лига – мажи по 12. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК