29.12.2021

„Зелено-белите“ се најдобри во четири статистички категории

КЛУПСКА СТАТИСТИКА ПО 12. ОДИГРАНИ КОЛА: Полусезона за паметење на Пелистер

По завршувањето на првиот дел од првенството во Првата лига, убаво е да се направи и еден статистички, клупски пресек на сработеното во изминатиот период.

И бројките велат дека екипата на Пелистер со право е број 1 во нашиот шампионат, барем во овој прв дел од сезоната кој го завршија со максимален ефект, 12 натпревари - 12 победи

Лидерот во шампионатот е екипата која дава најмногу поени. Во просек по 94.64 по натпревар, и е далеку напред во однос на МЗТ Скопје Аеродром кој е на 89, и Работнички со 87.18 поени.

Пелистер е и прв во шутот вреден по два поени. „Зелено-белите“ погодуваат со 64.99% на успешност од таа позиција, пред Гостивар со 64.23% и МЗТ Скопје Аеродром со 58.41%. Исто така се и водечки тим според реализацијата на слободните фрлања. Имаа(т) 75.38% на успешност, зад нив останаа Гостивар со 74.66% и ТФТ кој има 72.35%.

„Пелистерци“ се број 1 и според бројот на асистенции. Во просек избраниците на тренерот Марјан Илиевски додаваат по 24 пати, што е доста подобар скор во однос на МЗТ Скопје Аеродром (21.91) и Кожув со (19.82) асистенции по меч.

Интересно, екипата од Гевгелија има највисок процент на реализација во шутот за три поени. Во овие 12. кола, погодуваа(т) со 39.35% на успешност. Зад нивниот е ефектот на Еуро Никел 2005 (38.43%) и МЗТ Скопје Уни Банка со (37.33%).

Второпласираната екипа во првенството, МЗТ Скопје Аеродром има три „први места“ во статистичкиот приказ.

„Металците“ се лидери во категоријата-скокови. „Сино-белите“ од Аеродром имаат просечни 42.64 скока по меч, доволно да бидат пред Феникс 2010 со 41.45 и Еуро Никел 2005 со 40.55.

Актуелниот шампион важи и за екипа која освојува, но и губи најмногу топки.

Во просек имаат по 9.27 освоени топки, исто колку што има и екипата на Навико Академија ФМП, и нивниот „помлад брат“, МЗТ Скопје Уни Банка со 8.91.

Она што е лош показател во нивната игра се бројот на загубените топки – 16.55 по натпревар. Блиску до нив се Куманово 2009 со 16.18 и Еуро Никел 2005 чии кошаркари губат по точно 16. топки.

Комплетната кумулативна статистика во Првата лига – мажи по 12. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК.