Кошаркарите на Пелистер загубија уште еден меч, оној одложениот на домашен терен, против Гостивар, но тоа не донесе некои промени во статистичките бројки, оние клупските.
По 13.одиграно коло, екипата од Битола е прва според бројот на дадени поени. Единствени се над бројката од сто дадени поени. Имаат по 101.4 поени по меч.
Голем напредок во овие посленди мечеви, има и кај екипата на Гостивар, која дојде на просечни 90.2 поени, додека на третото место на таа листа се искачи МЗТ Скопје Аеродром со 88.5 уфрлени поени по меч.
Битолчани се и најдобри реализатори во обидите за два поени. Го прават тоа со 66.29% на успешност, додека најдобри во реализација на слободни фрлања се кошаркарите на Еуро Никел 2005. Кавадарчани погодуваат со 77.63%, пред Пелистер со 76.95% и изненадувачки, Вардар, со 75.71%.
Најдобри блокери има екипата на ТФТ, просек од 3.64 блокади, најдобри скокачи има МЗТ Скопје Аеродром кој со просечни 38.5 скока го надмина скорот на нивните помлади колеги од МЗТ Скопје Уни Банка (38.11) и на Куманово кој има 38.44.
Пелистер има и најдобри додавачи во лигата, барем засега. „Зелено-белите“ делат по 23.83 топки на еден натпревар.
Најмногу освоени топки имаат кошаркарите на Гостивар, во просек по 8.9, пред ТФТ со 8.82 и МЗТ Скопје Уни Банка со 8.67 украдени топки.
На листата на екипи со најголем број на загубени топки пак води Куманово, чии кошаркари губат по 18.78 топки, пред Вардар со 17.55 и Еуро Никел 2005 со 15.9 загубени топки во досегашниот дел од сезоната во Првата лига.
Кумулативната статистика во Првата лига – мажи по 13. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК