По 13. одиграни кола, екипата од „Градски парк“ го превзема приматот на најефикасна во Првата лига. „Црвено-белите“ се на просек од 87.23 поени по натпревар...
Колото број 13 од Првата лига го донесе веројатно и најнеизвесниот натпревар во досегашниот дел од сезоната.Се играше во Битола, во салата „Боро Чурлевски“, а беа потребни точно 50.минути а да се добие конечниот победник.На крајот на маратонот тоа беше екипата на Работнички која славеше со (за македонски услови), неверојатни (115:110). А тие 115 поени се и еден од најдобрите клупски резултати во досегашниот тек од лигата, и доволен тимот од „Градски парк“ да ја превземе првата позиција според бројот на дадени поени.
Со просечни 87.23 поени по меч, сега излегоа пред екипата на Кожув која има 85.69 поени, односно Гостивар со 84.46.
Добриот шут, пред се за три поени, ги постави „црвено-белите“ и на позицијата број 1 на екипи со најдобра реализација од таа позиција. Погодуваат со 38.07% на успешност, пред Пелистер со 37.69% и Гостивар кој има 37.40%. Изненадувачки најдобро, во оние статистички параметри, фигурира Еуро Никел 2005. Кавадарчани се лидери со просечни 38. скока по натпревар, резултат кој е подобар во однос на оној кој го имаат МЗТ Скопје Аеродром со 37.54, и Кожув – 37.15. Кога станува збор за најдобрите асистенти, и тука има промена. Најдобри во оваа категорија се кошаркарите на Кожув кои испорачуваат по 20 точни пасови до сиграчите. Го поминаа Куманово кој „падна“ на просек од 18.46, и Пелистер кој е на просечни 18.62.
Во однос бројот на освоените топки, уште еднаш број 1, е Кожув, екипа која има по 10.77 освоени топки по меч, пред Академија ФМП со 8.69 и МЗТ Скопје Аеродром со 8.62 украдени топки. Кај оние кои трошат најмногу топки, во преден план се кошаркарите на Пелистер, губат по 19.85 топки. Зад нив се кошаркарите на Вардар со 18, а трети младите момци од МЗТ Скопје Уни Банка со 17. загубени топки по меч.
Процентуално, екипата на Гостивар важи како најдобра во шутот за два поени. „Сино-белите“ реализираат со 60.19% од таа позиција, пред Пелистер со 59.29%, односно Работнички со 58.64%. Од линијата за слободни фрлања најдобро реализираат кошаркарите на Пелистер, имаат високи 79.31%. Зад нив е МЗТ Скопје Аеродром со сличен ефект, 79.28%, трет е Работнички, кој има 74.53% на успешност.
Комплетната кумулативна статистика во Првата лига – мажи по 13. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК.