Мали, но би се рекло и битни промени донесе одигрувањето на 14.коло. особено во оној скокачки дел од клупската статистика.
Нов лидер во категоријата на екипи со најголем број на скокови е екипата ан Куманово 2009. „Сино-белите“ го покачија просекот на 38.4 скока по меч, со кој го надминаа оној на МЗТ Скопје Аеродром (38.22) и МЗТ Скопје Уни Банка (38.00).
Промена има и во категоријата на екипи со најдобар процент на реализација за два поени. Водечка екипа е Вардар, сега со просек од 66.67%, пред Пелистер со 66.29%, и Гостивар со 62.05%, како и во реализацијата на слободни фрлања.
Води Еуро Никел 2005 со 78.63%, пред Пелистер со 76.95% и Работнички кој има 75.17% на успешност.
Екипата на Пелистер го држи високиот просек на реализација. Единствените се над бројката од сто дадени поени по натпревар (имаат 101.4). Висока реаизација држат и Гостивар со 91, и МЗТ Скопје Аеродром со 89.44 дадени поени по натпревар.
Битолчани се сеуште број 1 и кога станува збор за асистенциите. Остануваат со просечни 23.83 асистенции по натпревар (не играа во 14.коло), пред Гостивар со 22.0, и Еуро Никел 2005 со 20.64 просечни додавања
Кумулативната статистика во Првата лига – мажи по 14. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК