По 14. одиграни кола, за екипата од Гевгелија може да се каже дека игра во една најконстантна форма, и дека се некаде при врвот во скоро сите статистички категории кога се зборува за индексот на полезност...
Колото број 14 од Првата лига го донесе и еден од најинтересните дуели во оваа фаза од натпреварувањето. Оној одигран во Гевгелија, каде иако ослабени со неиграњето на неколку важни играчи, екипата на Кожув славеше победа против забревтаниот Гостивар. Доволно за поделба на позицијата број 2, на која освен овие две екипи, со ефект (10-4) се уште две, Работнички, односно Еуро Никел 2005.
Во овој момент, екипата на Кожув е лидерска кога се зборува за бројот на успешни додавања на едне натпревар, имаат просек од 19.5 по натпревар.
Освен тоа, во просек освојуваат повеќе од десет топки (поточно по 10.36), и се една од оние кои губат најмалку топки – 13.5 по меч.
Освен тоа, имаат втор поентерски ефект во лигата – просек на реализација од 85.79% по натпревар. Трети се според бројот на остварени скокови, по 36.93 и во процентот на реализација на слободните фрлања (74.29). Едно место подолу се во обидите за два поени (57.42%), а шести во шутот за три поени со 34.75%.
Најдобра во таа рубрика е екипата на Работнички која погодува за три поени со 38%, пред Пелистер со 36.3% и Гостивар (36.32%).
Гостиварци реализираат најдобро од дистанца, погодуваат со 60.43% од таа позиција, додека пак најдобри „пеналџии“ се „пелистерци“, со 78.49% на успешност.
Лидер во оние скокачки активности и понатаму останува екипата на Еуро Никел 2005 со просечни 38.57 скока, пред МЗТ Скопје Аеродром со 37.79.
Екипа со најголем број на загубени топки е Пелистер, со 19.36 по натпревар
Комплетната кумулативна статистика во Првата лига – мажи по 14. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК.