02.03.2021

Гостиварци имаат најдобар шут за три поени, а Еуро Никел 2005 од линијата за слободни фрлања...

КЛУПСКА СТАТИСТИКА ПО 15. КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ не ја ситнат „стотката“

Колото број 15 (без еден, одложен натпревар), донесе мали, но битни промени во оној клупски сегмент од статистиката.

Константа е бројот на дадени поени, сега просечни 100.92 по натпревар со кои ја држат на пристојно „растојание“ конкуренцијата. Ја претставуваат Гостивар со 89.5 дадени поени, и МЗТ Скопје Аеродром со минимално пониски 89.44.

Гостивар е лидерската екипа во реализација на ударите за три поени. Погодуваат со просек од 38.62%, што е подобро во однос на Пелистер кој има 38.49% и МЗТ Скопје Аеродром со 37.3%.

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 најдобро ги изведуваат слободните фрлања, со 78.38% на успех. Пред Пелистер со 77.57% и Вардар, кој со 75.76% се проби на третото место.

Пелистер е прв и во шутот за два поени, „зелено-белите“ имаат просечни 66.02% од таа позиција, Гостивар е втор на листата со 61.04%, а трет е составот на МЗТ Скопје Аеродром со 58.33% на успешност.

Кожув во ова коло загуби на гостувањето кај Вардар, но гевгеличани и понатаму имаат најдобар скок – просек од 38.25 скока по меч, подобар ефект од оној на МЗТ Скопје Аеродром со 28.22 и МЗТ Скопје Уни банка – 37.67.

Пелистер е екипа и со најмногу асистенции, во просек по 24, две повеќе во однос на Гостивар, и скоро четири од Еуро Никел 2005.

Најмногу топки, по девет на натпревар, освојуваат играчите на Гостивар, пред ТФТ со 8.82, и МЗТ Скопје Аеродром со осум.

Најмногу топки пак губат кошаркарите на Куманово 2009, по 18.09 по натпревар, пред Вардар со 17, и Гостивар кој има по 15.25.

Најдобра блокерска екипа е онаа на ТФТ со 3.64 блокади по меч. Подобар резултат во однос на Куманово чии играчи имаат реализирано по 3.36, и  Работнички со 2.89 „банани“ по натпревар

Кумулативната статистика во Првата лига – мажи по 15. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК