Во просек, екипата од „Градски парк“ реализира по 86.53 поени, што е најдобриот скор по 15. првенствени рунди...
По 15. одиграни кола, за екипата на Работнички може да се каже дека игра најдобро во офанзивата во однос на конкуренцијата. Статистиката вели дека засега, „црвено-белите“ се на просек од 86.53 поени по натпревар.
И дека во овој момент се во предност во однос на најблиските пратители во тој поентерски ефект, екипите на Гостивар (просек од 84.60) и на Кожув (84.53 поени по меч).
Во најголема мерка поради најдобриот шут за три поени, кој го имаат кошаркарите кои од клупата ги предводи Димитар Мираковски. Погодуваат со 37.88% од таа позиција, што е подобар резултат во однос на оној кој го имаат кошаркарите на Пелистер (37.18%), односно Кожув со 35.76%.
Екс-шампионот е рангиран на второто место според процентот на реализација за два поени. Погодуваат со 59.33%, а подобри од нив во овој дел од сезоната се кошаркарите на Гостивар кои имаат 61.33%.
Трети се според реализацијата на слободните фрлања. „Дисциплина“ во која доминира екипата од Битола (78.74%), а веднаш зад нив е МЗТ Скопје Аеродром со 76.04% на реализација.
Лидер во оние скокачки активности и понатаму останува екипата на Еуро Никел 2005. Сега со просечни 38.07 скока, пред МЗТ Скопје Аеродром со 37.73, и Кожув со 36.07.
Екипа со најголем број додавања по 15. кола е токму гевгелиската – просек од 19.07 асистенции, пред Куманово со 18.73 и Еуро Никел 2005 кој е на 18.40.
Најмногу загубени топки имаат кошаркарите на Пелистер, по 19. на натпревар, една помалку има Вардар.
На листата на клубови со најмногу освоени топки, бројот 1 го има Кожув, по 10.1 на еден меч
Комплетната кумулативна статистика во Првата лига – мажи по 15. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК.