Со неколку промени на листите на тимските остварувања, помина 17. коло од шампионатот.
Екипата која ја држи лидерската позиција, продолжи во исто темпо. Пелистер испорача уште една „стотка“ по 11. пат во 16. одиграни натпревари, со што и го оправда тоа место на табелата.
И не само со вкупниот број на реализирани поени.
Како и во изминатиот период, битолските „зелено-бели“ водат и на листите во шутот за два, односно за три поени. А имаат и најдобра асистентска екипа во досегашниот дел од првенството.
Сега се на просек од 100.88 поени по натпревар, реализираат со 65.54% во шутот за два, и 38.92% во шутот за три поени. А освен тоа, во просек имаат по 24.31 асистенција на еден натпревар.
Екипата на Еуро Никел 2005 остана како најдобра во реализацијата на слободните фрлања, сега со 78.68% на успешност.
Промени има на листата на најдобрите скокачки екипи. Екипата на ТФТ има највисок просек од 38.86 скока, пред двата тима од Аеродром.
Најмногу освоени топки досега има екипата на Гостивар, во просек по 8.53, а најмногу загубени, Куманово 2009, просечни 17.38 по натпревар.
А екипа со најголем број на блокади е повторно ТФТ, со 3.57 по натпревар.
Кумулативната статистика во Првата лига – мажи по 17. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК