Актуелните бројки од статистичкиот центар на КФСМ велат дека водечките екипи во првенството се и меѓу првите во оние главни категории...
Само уште едно коло нè чека во првата фаза на Првата лига. А во она последно одиграното, 17. по ред, не се случија некои значителни промени.
Водечките екипи на табелата го потврдуваат својот рејтинг и преку оние статистички податоци.
Па така, во овој момент, екипата на Работнички е онаа која реализира најмногу поени, во просек по 86.41 што е подобро во однос на оној кој го има Кожув (84.47) и екипата на Гостивар (84.06).
Кога станува збор за оние скокачки параметри, тука во водство е лидерската екипа во шампионатот – МЗТ Скопје Аеродром. Кошаркарите во „сино-бела“ комбинација имаат по 37.59 скока по натпревар, нешто повеќе во однос на Еуро Никел 2005 со 36.88 и Гостивар чиј просек на скокови изнесува 36.65.
Екипата од Гевгелија може да се пофали дека има најголем просек во оној дел наречен асистенции. Кожув е на просечни 19.41 додавања по меч, зад нив е скорот на Куманово – 19.06, и оној на Работнички кој има 18.29 асистенции по натпревар.
Процентуално, Работнички е екипата која има највисок процент на реализирани удари за три поена 37.81%, пред Пелистер со 36.89%, и МЗТ Скопје Аеродром кој е на 35.71%.
Најдобра екипа во шутот за два поена во овие 17.кола е онаа од Гостивар, со процент на успешност од 61.77%. Следуваат Работнички со 59.54% и Кожув – 58.59%.
Од линијата за слободни фрлања најдобро поентираат кошаркарите на Академија ФМП. Го прават тоа со 78.38%, што е нешто подобро во однос на ефектот на Кожув 76.71% и на МЗТ Скопје Аеродром кој има 76.01%.
Кожув е екипата која има најмногу освоени топки, по 9.76 на еден натпревар, а Пелистер пак со најмногу загубени, во просек по 18.53 на меч.
Лидерот во Првата лига и актуелен шампион ги има најдобрите блокери, во просек реализираат по 3.76 блокади, додека нивниот главен конкурент, Работнички има 3.18.
Комплетната кумулативна статистика во Првата лига – мажи по 17 одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК