31.03.2021

„Сино-белите“ погодуваат со 39.32% на успешност зад линијата 6.75 метри

КЛУПСКА СТАТИСТИКА ПО 21. КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје Аеродром со најдобар процент за три поени!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм го направија најголемиот скок на листата на најдобри екипи во шутот за три поени. „Аеродромци“ стигнаа до 39.32% на успешност од таа позиција со која го потиснаа Пелистер на втората позиција (38.19%) , и Гостивар кој сега е на третото место со 37.5%.

Лидерска екипа во реализацијата на слободни фрлања пак е Еуро Никел 2005, чии кошаркари реализираат со 78.93%, пред Пелистер со  76.82% и Гостивар кој има 75.32% на успешност од „пеналите“.

Екипата од Битола останува на првата поентерска позиција, го одржува, дури и зголеми просекот, дава по 101 поен по натпревар.

Битолчани се и лидери во делот асистенции. Имаат просечни 24.58 додавања по натпревар, и во категоријата на освоени топки – по 7.95 по натпревар.

Екипата на ТФТ е најдобра во скокачките параметри затоа што има просечни 38.94 скока, додека пак најмногу загубени топки имаат кошаркарите на Куманово 2009, по 16.67.

Екипата од Тафталиџе има и најголем процент на реализирани блокади – по 3.75 на еден натпревар.  

Кумулативната статистика во Првата лига – мажи по 21. одиграно коло, можете да ја најдете на следниот ЛИНК