Во овој момент по одигрувањето на некомплетното осмо првенствено коло, екипата на Пелистер е предводник во неколку статистички параметри, кои индиректно говорат и за индивидуалниот ефект на екипата од Битола.
Макар што, тоа мора да се земе в предвид при класификацијата, станува збор за три одиграни натпревари од планираните осум.
Податоците велат дека со 113 постигнати поени, во просек, во тие 120 одиграни минути, Пелистер има најефикасен напад. Далеку подобар во однос на конкуренцијата која во овој момент, ја чинат Работнички со 93.67 поени, односно Гостивар кој има просечни 90.5 поени по натпревар.
Битолските „зелено-бели“ ја имаат водечката улога и кај асистентите. Во просек нивните кошаркари додаваат по 27.пати, доста подобро во однос на Еуро Никел 2005 со 22.25, и Гостивар со 21.75 асистенции по меч.
Дека се фаворити за највисок пласман „пелистерци“ покажуваат и со одличниот процент на погодување. Засега се први во процентот на реализација за три поени (53.73%), но и во обидите вредни по два поени (69.75%), додека пак од линијата за слободни фрлања, имаат втор резултат (77.78%), зад оној на Еуро Никел 2005 кој има 81.32% на успешност.
Во оние останати статистички категории, екипата на Работнички е прва на листата според бројот на освоени топки. Екипата од „Градски парк“ има просечни 9.67 „крадења“ по меч, пред Гостивар со 8.75 и Црн Дрим Грин мобиле со 8.25 освоени топки.
Екипа со најголем број на загубени топки е Куманово 2009 со 18.8 загубени топки вопроксе. Зад нив е Црн Дрим Грин мобиле со 16.25, и Кожув – 15.33.
Најдобри блокери има во екипата на ТФТ. Скопските „црно-бели“ прават по 4.25 блокади во просек на една средба. Далеку поуспешни се во однос на Црн Дрим Грин мобиле кој е на 2.75 блокади и Куманово 2009 со 2.6 блокирани удари по натпревар.
Кумулативната статистика во Првата лига – мажи по 8. одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК
ФОТО: Димитар Петковски