17.12.2019

КЛУПСКА СТАТИСТИКА ПО ДЕСЕТ ОДИГРАНИ КОЛА: Кожув има најдобра одбрана, а Работнички најдобар напад

По десет одиграни рунди, се намали бројот на екипи со идентичен ефект...

 

Оние кои се на делба од втората, а ги има три, Работнички, Гостивар и Еуро Никел 2005. Подзастанаа Куманово 2009 кој загуби во Битола, и Кожув, кој испушти голема шанса да го шокира шампионот среде СЦ „Јане Сандански“.

Ако им е за утеха на гевгеличани, тогаш тоа може да биде податокот дека се играат најдобро во  одбраната. На десет натпревари примиле 729.поени, односно во просек по 72.9 по натпревар. И доста подалеку во однос на конкуренцијата која ја сочинуваат екипите од горниот дел од табелата, МЗТ Скопје (75.1), Работнички (75.4), Гостивар (76.5) и Еуро Никел 2005 (76.7). 

Во оној другиот, исто така важен, поентерскиот, засега во улога на лидер е екипата на Работнички. Во десете одиграни мечеви „црвено-белите“ од „Градски парк“ реализирале 863 поени, односно просечни (86.3). Блиску до тој резултат се и екипите на МЗТ Скопје Аеродром односно Гостивар (просек од 85.поени по натпревар).

Вардар, односно МЗТ Скопје Уни Банка, се тимовите кои даваат најмалку поени, нешто повеќе по 70. по натпревар.

Процентуално гледано пак, изненадувачки, најдобра реализација во шутот за три поени имаат кошаркарите на Академија ФМП. Погодуваат со 38.89% од таа позиција со која се  водечки во лигата. Зад нив останаа Гостивар (37.68%), Работнички (36.5%), Пелистер (36.5%) и Еуро Никел 2005 (36.17%).

Во обидите вредни два поени предначи, исто така изненадувачки, екипата на Пелистер. Досега реализирале со 60.93% во шутот од дистанца. И заедно со Гостивар (60.66%) се единствените кои се над просек од 60%.

Следуваат Работнички со (59.95%), Еуро Никел 2005 (56.31%) и Куманово (55.45%).   

Кога станува збор за тимовите кои имаат најдобра реализација од линијата за слободни фрлања, одново Пелистер е екипата која има најдобри бројки.

„Пелистерци“ реализираат со (80.1%) на успешност од таа позиција, со кои го надминуваат ефектот на МЗТ Скопје Аеродром кој е на (78.61%), Вардар (76.19%), Кожув (74.53%), Работнички (72.55%)...  

Комплетната кумулативна статистика во Првата лига – мажи по десет одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК.