12.12.2019

КЛУПСКА СТАТИСТИКА ПО ДЕВЕТ ОДИГРАНИ КОЛА: Гостивар дава најмногу поени, Еуро Никел со најмногу скокови, а Куманово 2009 – асистенции

По девет одиграни кола, Првата лига има нов лидер, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

 

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Шампионот ги искористи сите киксеви на пратителите, па сега со ефект (7-2), е на чекор пред другите. Она што е забележиво е дека „металците“ не се и најдобрата екипа според статистичките податоци.

Со просек од 86. реализирани поени, тие се на втората позиција на листата на најдобрите. Просекот од 36.11 скока, ги става на позицијата број 5 на моменталната листа на најдобрите скокачки екипи, а додека пак со 17.56 асистенции по меч се позиционирани на шестата позиција.

КОЖУВ

Во девет одиграни кола, тимот од Гевгелија реализира по 84.56 .поени во просек. Тоа е петти најдобар скор во лигата во овој момент.

Од друга страна пак Кожув е втор кога се во прашање оние додавања, затоа што во просек имаат по 18.89 по меч, или нешто помалку во однос на лидерот во оваа категорија – Куманово 2009.

Гевгеличани добро котираат и во третата според важност категорија- скоковите. Имаат реализирано по 37. скока по натпревар, а тоа е доволно за позицијата број 4 во овој сегмент.

РАБОТНИЧКИ

Некогашниот првак полека се пронаоѓа себеси. Го доби дерби дуелот на овој 9. круг од натпреварите, против гевгелиски Кожув, и се врати на позициите кои се веднаш зад водечката.

А статистички параметри по девет одиграни натпревари се: две втори позиции, според просекот на постигнати поени – 86, и според бројот на скоковите – 37,33, а четвртти на листата на најдобри асистенти - 17.56.

ГОСТИВАР

Две лоши игри и два порази се зад кошаркарите на Гостивар. По загубата на бодовите на свој терен против Куманово, гостиварци загубија и во Битола, па спуштија на четвртото место на табелата.

Сепак, гостиварци сеуште го имаат најдобриот напад, во просек даваат по 87. поени, освен тоа имаат и по 33.44 скока, односно 17.56 асистенции по меч, за шесто место на рејтинг листата.

ЕУРО НИКЕЛ 2005

Бројките на екипата од Кавадарци соодејствуваат со актуелниот пласман на табелата, делба на позицијата број 2.

Она што го издвојува составот на Еуро Никел 2005 во овој момент е дека се најдобрите според бројот на остварени скокови.  Реализираат по 38.89 скока по натпревар. Имаат и 85.22 поени (четвртти во рангирањето), односно 18. додавања на еден натпревар, петти резултат во вкупниот поредок.  

КУМАНОВО 2009

Кумановци не признаваат фаворити. Така беше минатото коло против Гостивар, така и во ова последното, кога, макар и во продолжение од пет минути го совладаа одличниот состав на Еуро Никел 2005.

Уште еднаш ја потврдија лидерската позиција кај асистентите, сега имаат точно 20. успешни додавања по натпревар.

„Сино-белите“ од Куманово се со трет резултат кога се во прашање скоковите имаат по 37.22 скока, што е четвртти резултат во лигата), но и доста низок просек на реализација од 79.44 поени, со кој се седми на табелата.  

ПЕЛИСТЕР

Пелистер е екипата која успеа да врзе две победи по ред. Па сега, со ефектот (4-5) и  многу „полесно дишат“.

Ја покачија реализацијата, сега се на  81.11 реализирани поени по натпревар, што е сосема добра бројка за екипа која во овој момент е на позицијата број 7 во Првата лига.

Освен тоа битолчани го подобрија и просекот на асистенции па сега имаат по 18.89. Она што треба да биде уште подобро се бројот на остварени скокови, сега се на 33.44, осми скор во лигата.  

АКАДЕМИЈА ФМП

Иако потешко од предвидувањата, веројатно и нивните очекувања, славеа победа над МЗТ Скопје Уни Банка, кошаркарите на Академија ФМП направија еден напредок, макар и минимален во однос на претходните првенствени кола.

Засега имаат реализирано просек од 78.56 поени на еден натпревар, потоа 16.асистенции (осмо место во поредокот), но и  само 32.2 скока со кои се на последното место во елитното друштво.

ВАРДАР

По ова деветто коло, „вардарци“ се шести во рејтингот, со просек од 35.89. скокови. Но затоа пак се далеку назад според бројот на дадени поени – 70.89, но и реализирани додавања – 14.78.

МЗТ СКОПЈЕ – УНИ БАНКА

Младите „металци“ скапо „ја продадоа кожата“ во дуелот со Академија ФМП. Беа рамноправен противник се до пред крајот на играта. За комплетен успех им недостасуваше само уште некоја минута добра игра, пред се во одбраната.

Па во овој момент младите „металци“ се на просек од 70.33 по натпревар, имаат остварено и по 34.22 скока,  и 13.89 успешни додавања.

Комплетната кумулативна статистика во Првата лига – мажи по девет одиграни кола, можете да ја најдете на следниот ЛИНК.