18.02.2017

ИЗЈАВИ ПО НАТПРЕВАРОТ БАДЕЛ 1862 - МНА КОЖУВЧАНКА

Кога има умор, нормално е да има и падови во играта

Кошаркарките на Бадел 1862 ја оправдаа фаворитската улога против МНА Кожувчанка и си закажаа уште едно финале откако запишаа победа со 63-47.

Снежана Николовска, тренер МНА Кожувчанка

- Почнавме добро, но на почетокот на втората четвртина ние го загубивме натпреварот. Тие имаат подобра ротација на играчи, а ние промашивм многу зицери. Сето тоа не оддалечи од победата. На крајот е обидовме да се вратиме во игра, но сепак мотивацијата не беше на ниво бидејќи разликата беше преголема. Тие се и поискусен тим бидејќи играат и во Јадранската лига.

Перо Стамески, тренер Бадел 1862

- Нормално беше тоа што имавме трема на почетокот бидејќи ова е прв натпревар за нас по зимскиот период. По завршување на домашното првенство и Јадранската лига ова е прв натпревар, што се вика ’пет на пет’ да одиграме.  Имаме некои измени, некои играчи си заминаа и сега играме со повеќе млади играчи и треба да помине малку време за тие да се прилагодат на новата игра. Имавме пад кон крајот, но тоа се случи поради умор.