Против „соседите“, екипата на Вашингтон Истерн Иглс, Андреј Јакимовски одигра дури 31.минута, што е неверојатен податок за еден „руки“ играч во силната Дивизија од НЦАА лигата.
Притоа нашиот репрезентативец стигна и до своите први конкретни бројки во оваа конкуренција. Постигна шест поени, а својата универзалност, Јакимовски ја дополни и со исто толку скокови, плус три асистенции.
Се заедно во комплет, доволно за Вашингтон Стејт биде подобар од Иглс со резултат (71:68). Тоа е втора победа од стартот на сезоната за популарните „Кугуарс“ од главниот град на САД.
Следниот меч на Јакимовски и неговиот тим е на 3. декември, против Орегон Стејт.