23.03.2021

Потврдување на учество најдоцна до петок (26.03.2021)

Кои 12 екипи ќе обезбедат пласман на финалниот турнир од зимската 3х3 лига?!

Се ближи крајот на премиерната зимска 3х3 лига во организација на КФСМ и „3x3 Macedonia“. Досега се одиграа три квалификациски турнири, а претстојниот викенд (недела, 28.03.2021) ќе се одржи и последниот квалификациски турнир кој ќе ги одреди дванаесетте учесници на финалето, закажано за крајот на месец април.

Вкупно 18 екипи досега учествуваа на квалификациските турнири. Dust Caffe, Терминатори, Баду, Водно Санс, Brotherhood Alpha, Проект 3х3, 3х3 Аеродром, Змајеви, BadBoys, GODSENT GS, 3x3 Lincetis, 3х3 Битола, 3х3 Молика, Капетани, Forza Termo, Razorbacks и Битола Медика Карта.

Екипите кои сакаат да се надигруваат на терените во СРЦ „Кале“ в недела ЗАДОЛЖИТЕЛНО да го пријават своето учество најдоцна до петок 26.03.2021.

Натпреварите ќе започнат во 11:00 часот.

Резултати турнир 1

Резултати турнир 2

Резултати турнир 3

Табела WINTER TOUR

Сите турнири ќе бидат одиграни согласно општите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19. Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата, кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот.

  • Мерење на температура на сите лица кои влегуваат во сала (играчи, официјални лица, лица од организација).
  • Задолжителна дезинфекција при влез во сала, пред влегување на терен и по излегување од терен. Сета опрема за игра се дезинфицира по секој одигран натпревар;
  • Носење на заштитна опрема (маска, шал, марама) е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите присутни во салата, освен за играчите и судиите додека се на терен;
  • Сите турнири се одигруваат без присуство на публика;
  • Забранета е употребата на соблекувалните за цело време пред, во тек и по натпреварот. Секоја екипа ќе има посебно означено место на трибините каде ќе може да ги остави своите лични предмети додека игра на терените;
  • Секој учесник во натпреварувањето, пред почеток на натпреварувањето е должен да потпише изјава со која ги прифаќа мерките одредени со општите владини протоколи;