03.03.2020

Кои се 10 најдобри поединечни изданија во 16. коло: Цветковски со најголем индекс, Стојановски со најголем ефект!

Бекот на Куманово 2009 ја предводи листата со најдобри поединечни остварувања во изминатата првенствена рунда. Но ефектот на репрезентативецот од редовите на МЗТ Скопје Аеродром е потежок, затоа што е реализиран во дерби дуелот со Работнички...

 

Дамјан Стојановски го одбележа 16.првенствено коло, макар што гледано според оние „суви бројки“, најголем индекс-рејтинг има кошаркарот на Куманово 2009, Андреј Цветковски.

Новиот играч на кумановци на дуелот со вториот тим на МЗТ Скопје собра 32.индексни поени. А до нив дојде со реализација на 19.поени (7/7 за два поени), осум скока, седум асистенции, и по три освоени односно загубени топки за 31:18 минута во игра.

Капитенот на актуелниот првак, беше меч-винер на големото дерби на мак-баскетот. Го погоди последниот шут, вреден победа. Доволно за 30.индекс поени, пренесени преку постигнатите 23.поени (6/7 за два и 5/6 за еден поен), пет скока, исто толку асистенции, само една загубена топка и една блокада за 32:25 минути.

Одлични бројки во оваа рунда има и Девон Џенкинс. Новакот во Кожув на средбата со Пелистер реализираше дабл-дабл од 20.поени и 10.скока. Плус три загубени, една освоена топка и две блокади. Сето тоа за индекс-29, или трет поединечен ефект во колото.

Следува оној на Ѓорѓе Каплановиќ,српскиот центар во редовите на Еуро Никел 2005, кој има два индексни поени помалку. На мечот со Гостивар, дојде до ефект од 19.поени, 6.скока, 5.асистенции, една загубена и три освоени топки за 35:13 минути поминати на паркетот во салата „Јасмин“.

Најдобрите пет изданија на колото се затвораат со перформансите на Ерик Питс. Бекот на Работнички имаше одлично издание на дерби-дуелот со МЗТ Скопје во Аеродром кое го заокружи со реализација на 21.поен, 6.асистенции, исто толку скокови, но и три загубени и една освоена топка за 32.минути во игра.

Во ова 16.коло од Првата лига, вреди да се одбележат и ефектите на Теодор Атанасов (Куманово 2009), Еван Пејн и Томас Зданавичиус (Кожув), Трорар Браун (Пелистер) и Дино Радош од Вардар.

ИНДИВИДУАЛЕН ЕФЕКТ - 16. КОЛО

Андреј Цветковски (Куманово 2009) индекс 32

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А.) индекс 30

Девон Џенкинс (Кожув) индекс 29

Ѓорѓе Каплановиќ (Еуро Никел 2005)           индекс 27

Ерик Питс (Работнички) индекс 27

-----------------------------------------------------------------

Теодор Атанасов (Куманово 2009)    индекс 27

Еван Пејн (Кожув) индекс 26

Трорар Браун (Пелистер)          индекс 24

Томас Зданавичиус (Кожув)     индекс 23

Дино Радош (Вардар)     индекс 20