28.01.2020

Кои се десетте најдобри поединечни ефекти во 13.коло: Хејден Лесколт до индекс 38!

Бекот на Работнички ја предводи листата со најдобри поединечни остварувања во изминатата првенствена рунда.

 

Во она поентерско „крешендо“ во Битола, бекот на екипата од „Градски парк“ реализираше 43.поени, со одлична реализација. Имаше (6/12 за три поени, 7/9 за два и 11/15 за еден поен. Плус и четири освоени топки, три скока, две асистенции и исто толку загубени топки за 44:34 минути. Се заедно со одличен индекс -38, најголем во овој круг од натпреварите.

Најдобар, но во поразената екипа, беше ефектот на Јетмир Зекири. Крилото на „битолчани“ собра 35индексни поени. А до нив дојде со реализација на 28 поени, со само еден нереализиран обид од поле (1/1 за три, 11/12 за два и 3/3 за еден поен). Дополнети со десет скока, две додавања и шест загубени топки за 32:53 минути во игра.

Без краен ефект остана и играта на Адем Мекиќ. Неговиот клупски соиграч оствари индекс 27, откако комплетираше 25 поени (10/13 за два и 5/5 за еден поен), пет скока, по две асистенции и освоени, односно пет загубени топки за неверојатни 45:03 минути поминати на теренот.  

Еван Пејн е третиот играч кој во 13.рунда оствари скор поголем од „триесетката“. На дуелот против МЗТ Скопје Уни Банка, бекот на Кожув имаше 32.индексни поени. А до нив дојде откако постигна 25.поени, со висок процент на реализација во ударите за два поени (10/12), и максимален од линијата за слободни фрлања (5/5).

На сето тоа, за само 25:17 минути, придодаде и осум асистенции, шест скока и една загубена топка.

На другата страна, сосема добро му парираше еден млад играч, Љубиша Димитровски, кој оствари 25.индексни поени. А до нив играчот на МЗТ Скопје Уни Банка дојде откако постигна 26.поени (11/14 за два и 4/7 за еден поен), седум скока, две загубени и една освоена топка за 37:21 минута во игра.   

Во ова 13.коло од Првата лига, вреди да се одбележат и ефектите на Антон Казарновски (Пелистер), Славчо Темелковски (Вардар), Томас Зданавичиус (Кожув), Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар) и Филип Думиќ (Пелистер).

ИНДИВИДУАЛЕН ЕФЕКТ - 13. КОЛО

Хејден Лесколт (Работнички)  индекс 38

Јетмир Зекири (Пелистер)        индекс 35

Еван Пејн (Кожув) индекс 32

Адем Мекиќ (Пелистер) индекс 27

Љубиша Димитровски (МЗТ Скопје УБ)       индекс 25

----------------------------------------------------------------

Антон Казарновски (Пелистер)           индекс 24

Славчо Темелковски (Вардар) индекс 24

Томас Зданавичиус (Кожув)     индекс 23

Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар)     индекс 23

Филип Думиќ (Пелистер)          индекс 23