А кои се очекувањата на тренерите на 12. прволигашки тренери непосредно пред почетокот на натпреварувањето во Првата лига-мажи
(НЕДЕЛА, 18.30): ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
Марјан Илиевски (тренер на Пелистер):
„Mожам да кажам дека сум презадоволен од пристапот на сите играчи и дека максимумот кој го даваа досега ќе продолжат да го даваат и во текот на сезоната. За мене лично, не постои прогноза на почеток и крај. Секогаш излегуваш на теренот за да бидеш подобар од противникот, и да го дадеш својот максимум. Без разлика дали ќе се сретнеш со екипа која е претендент за титула или опстанок. Во однос на меѓународното натпреварување сепак Пелистер е клуб кој за кратко време прави огромни чекори и за истите се прескокнати многу скалила за да се игра едно вакво натпреварување плус. Сепак тоа е предизвик за управата. Ние сите имаме зад себе меѓународни натпреварувања и знаеме што значи тоа. Моја надеж и желба е на секој натпревар да го дадеме максимумот“.
Дарко Радуловиќ (тренер на МЗТ Скопје Аеродром):
„Се измачивме со повреди во претсезоната и тоа ни е најголем проблем засега со недоволна воиграност и физичка подготвеност. Имаме повредени играчи од настапите за репрезентацијата, подоцна се повредија и играчи на подготовките па во моментот далеку сме од оптимална форма и ќе биде потребно време да се синхронизираме.
За селекцијата на тимот немам сомнеж дека е квалитетна. Селектиравме екипа со висок човечки и кошаркарски квалитет, имаме баш „европски“ тим, немаме тип на играчи кои практикуваат американска кошарка. Се надевам дека како што одминува сезона ќе фатиме ритам и ќе пружиме онаква кошарка каква што се очекува од нас. Во однос на домашното првенство, ние сме МЗТ и јасно е дека влегуваме со најголеми абиции со цел да ги одбраниме трофеите. И оваа сезона ќе имаме конкурентно домашно првенство со неколку екипи кои ќе се борат за титула и ќе биде тешко да се игра против секого. Нема апсолутни фаворити ниту оваа година“.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
3. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Боро Чурлевски“ - Битола
4. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
17.30: Кожув - ТФТ
Сала „26.април“ - Гевгелија
18.00: Куманово 2009 – Ангели
Сала „Перо Наков“ - Куманово
ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ:
Феникс 2010 – Навико Академија ФМП 70:68
МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 78:85
Еуро Никел 2005 – Гостивар 88:77