А кои се очекувањата на тренерите на 12. прволигашки тренери непосредно пред почетокот на натпреварувањето во Првата лига-мажи
(ПОНЕДЕЛНИК, 17.30): КОЖУВ - ТФТ
Павле Николов (тренер на Кожув):
„Доста добро ги одработивме подготовките за новата сезона, и покрај тоа што ни недостасуваше играч на позицијата центар кој се надевам дека ќе го ангажираме што поскоро за да бидеме комплетни за првиот натпревар во сезоната против екипата на ТФТ.
Не одигравме многу пријателски натпревари во претсезоната, но она што можев да го видам на теренот, сигурен сум дека овие момци ќе бидат подготвени за борба. Очекувањата се пласман во Суперлигата, на тоа целиме. Задржавме дел од костурот на екипата од претходната сезона и го дополнивме со неколку квалитетни имиња. А доколку не служи здравјето зошто да не направиме и нешто повеќе“.
Боро Смилковски (тренер на ТФТ):
„Претходната сезона целта беше опстанок, а оваа сезона одиме амбиција погоре, односно пласман во Суперлигата. Доколку имаме шанса за повеќе сигурно ќе се обидеме да ја искористиме. Мислам дека ќе биде изедначено првенство со неколку екипи кои отскокнуваат. Но во секој случај мислам дека не постои непобедлива екипа, и секој може да добие секого. Секој натпревар е важен и знаеме како беше претходната сезона, кога во последното коло се одлучуваше за крајниот изглед на табелата“.
(ПОНЕДЕЛНИК, 18.00): КУМАНОВО 2009 - АНГЕЛИ
Игор Ѓорѓиевски (тренер на Куманово):
„Подготовките ги започнавме околу 15. август во нашата спортска сала „Перо Наков“ каде трениравме два пати на ден се со цел што подобро да се подготвиме во пресрет на новата сезона каде нè очекува борба на три фрона. БИБЛ лигата, ФИБА Еврокупот и домашно првенство.
Играчкиот ростер го комплетиравме и сега нестрпливо го очекуваме стартот. Одигравме неколку пријателски средби каде пробувавме комбинации за што подобро воигрување на кошаркарите. Искрено посакувам што подобро да се претставиме во сите натпреварувања како и што подалеку да отидеме во сите од нив. Задоволен ќе бидам ако наметнеме свој стил на брза и атрактивна кошарка, а резултатот сам ќе си дојде“.
Горан Ѓорѓиевски (тренер на Ангели):
„Како тренер на КК Ангели во првата, односно деби сезона во историјата на клубот, очекувањата, како мои, како тренер така и амбицијата на клубот е да се претставивме во што подобро светло. Односно од натпревар во натпревар да играме се подобро и подобро Предизвикот е огромен, покрај странците во екипата, сакаме да им дадеме шанса и на останатите наши млади играчи кои го изборија пласманот во највисокиот ранг. И со самото тоа и да ги однесеме на едно повисоко ниво во нивната игра. Секако примарна цел е опстанок во најелитното натпреварување“.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
4. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
17.30: Кожув - ТФТ
Сала „26.април“ - Гевгелија
18.00: Куманово 2009 – Ангели
Сала „Перо Наков“ - Куманово
ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ:
Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 82:79
Феникс 2010 – Навико Академија ФМП 70:68
МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 78:85
Еуро Никел 2005 – Гостивар 88:77