Првата лига-мажи оваа година ќе (про) слави еден убав јубилеј. Ќе се игра 30.сезона од постоењето на независна македонска кошарка.
А што носи со себе новото издание на нашето најквалитетно клупско натпреварување?
Натпревар на 12. екипи кои тргнуваат во обидот да бидат најдобри. Да се обидат да ја земат, или задржат, во овој случај, МЗТ Скопје Аеродром, шампионската титула освоена во ланското првенство.
Две од нив се во улога на дебитанти во најсилната конкуренција, Феникс 2010 и Ангели Двете се од Скопје, каде дефинитивно е „базирана“ нашата Прва лига во сезоната 2021/2022. Особено ако се земе в предвид дека во шампионатот ќе учествуваат и најтрофејниот наш клуб, Работнички, ланските дебитанти, Навико Академија ФМП, и ТФТ, како и „вториот тим“ од Аеродром, МЗТ Скопје Уни Банка.
Ако се суди според возбудувањата кои ги донесе натпреварот во Суперкупот, тоа ќе биде една доста изедначена сезона, во која изразит, како што знае да каже шефот на струката на шампионот, МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ – нема!
Можеби, „на хартија“, и според количината на домашни имиња, најголема конкуренција на МЗТ Скопје Аеродром, ќе биде екипата на Пелистер, вториот наш учесник во АБА 2 лигата. Ристерот кој го креираа „пелистерци“ треба да е своевидна гаранција за висок(и) резултат (и).
Никако не смее да се заборави на Еуро Никел 2005, ланскиот „предизвикувач“ на металците“ во големото финале на плеј-офот, и на Работнички, макар тимот од „Градски парк“ е во фаза на своевиден „ребилдинг“, на сите клупски нивоа.
Во слична ситуација влезе и Гостивар, екиоа во која исто така се случија доста, пред сè, играчки промени, па и Куманово, кој заедно со ТФТ се обидоа, излегоа надвор, во Европа, макар што нивниот престој траеше (пре) кратко.
Извесно е дека во Аеродром размислуваат на уште поголем просперитет на МЗТ Скопје 2.
Тотална непозната се двата нови прволигаши, макар што Феникс 2010 прикаже неколку добри игри на претсезонскиот турнир во Скопје во кој стигна до финалето (загубија од ТФТ). Но и гевгелиски Кожув, кој сепак е во предност во однос на дебитантите во друштвото на најдобрите.
Гевгеличани имаат сосема солидна „домашна база“, па ќе се чека на некој исчекор од странските засилувања, добар дел од нив познати нс нашата кошаркарска јавност која може да очекува доста, веќе од првите натпревари кои се закажани за 2. октомври.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 1. КОЛО
2. ОКТОМВРИ (САБОТА):
14.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
16.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
3. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Младост“ - Битола
4. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
17.30: Кожув - ТФТ
Сала „26.април“ - Гевгелија
18.00: Куманово 2009 – Ангели
Сала „Перо Наков“ - Куманово
ВЕЧНА ЛИСТА НА ШАМПИОНИ
1993 Работнички
1994 Работнички
1995 Работнички
1996 Работнички
1997 Работнички
1998 Работнички
1999 Работнички
2000 Николферт
2001 Работнички
2002 Работнички
2003 Работнички
2004 Работнички
2005 Работнички
2006 Работнички
2007 Струмица
2008 Фени Индустри
2009 Работнички
2010 Фени Индустри
2011 Фени Индустри
2012 МЗТ Скопје Аеродром
2013 МЗТ Скопје Аеродром
2014 МЗТ Скопје Аеродром
2015 МЗТ Скопје Аеродром
2016 МЗТ Скопје Аеродром
2017 МЗТ Скпје Аеродром
2018 Работнички
2019 МЗТ Скопје Аеродром
2020 не се прогласи првак
2021 МЗТ Скопје Аеродром
2022: ???