26.02.2021

28. февруари, 11:00 часот, СРЦ „Кале“  - Трет турнир зимска 3х3 лига 

Кој ќе го освои третиот турнир од зимската 3х3 лига?!

Уште само два квалификациски турнири преостануваат на календарот за премиерната зимска 3х3 лига во организација на КФСМ и „3х3 Macedonia“. Едниот од нив, трет по ред, ќе се одржи претстојниот викенд. Четвртиот е закажан за истото место, исто време еден месец подоцна (28.03.2021) додека финалниот турнир на кој ќе биде прогласен зимскиот 3х3 шампион ќе се одржи викендот 24.-25.04.2021.

Спортската сала „Кале“ в недела (28.02.2021) ќе нагости петнаесет екипи кои го потврдија своето учество на овој турнир - единаесет од нив се веќе ’редовни’ учесници, а преостанатите четири се нови екипи кои ќе се обидат да ги демонстрираат своите способности. 

Како и претходните турнири, така и третиот ќе се одигра на два терена односно на двата коша во СРЦ „Кале“. Екипите ќе бидат поделени во четири групи (pools).

Натпреварите ќе започнат во 11:00 часот.

Резултати турнир 1

Резултати турнир 2

 

Сите турнири ќе бидат одиграни согласно општите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19. Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата, кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот.

  • Мерење на температура на сите лица кои влегуваат во сала (играчи, официјални лица, лица од организација).
  • Задолжителна дезинфекција при влез во сала, пред влегување на терен и по излегување од терен. Сета опрема за игра се дезинфицира по секој одигран натпревар;
  • Носење на заштитна опрема (маска, шал, марама) е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите присутни во салата, освен за играчите и судиите додека се на терен;
  • Сите турнири се одигруваат без присуство на публика;
  • Забранета е употребата на соблекувалните за цело време пред, во тек и по натпреварот. Секоја екипа ќе има посебно означено место на трибините каде ќе може да ги остави своите лични предмети додека игра на терените;
  • Секој учесник во натпреварувањето, пред почеток на натпреварувањето е должен да потпише изјава со која ги прифаќа мерките одредени со општите владини протоколи;