Кошаркарите до 12 години ќе бидат првите кои ќе ја комплетираат натпреварувачката сезона, и тоа со одигрувањето на дводневен завршен турнир во „Фајнал-фор“ формат.
Овој викенд, кошаркарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово ќе биде организатор на завршниот турнир за најмладата возрасна категорија, М12, во машка конкуренција, од лигите кои ги организира Кошаркарската федерација на Македонија откако претходно ја доби организацијата на лицитацијата организирана од канцеларијата за младински лиги
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 10. мај (сабота). Од 15.часот, во Средното Економско училиште „8.Септември“ во Тетово, ќе истрчаат екипите на Вардар и МЗТ Скопје Аеродром. Нешто подоцна, од 17.30 часот, ќе се сретнат Љуботен и Борец Баскет.
А ден подоцна, на 11.мај (недела), ќе биде познат шампионот во оваа возрасна категорија.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-МАЖИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
10.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
15.00: ВАРДАР АД - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ АД
17.30: ЉУБОТЕН ТЕТОВО - БОРЕЦ БАСКЕТ
11.МАЈ (НЕДЕЛА)
15.00: НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
ПОРАЗЕН 1 - ПОРАЗЕН 2
17.30: ФИНАЛЕ
ПОБЕДНИК 1 - ПОБЕДНИК 2
*Сите натпревари ќе се играат во салата „8. Септември“ во Тетово
