04.04.2023

Подготовки за кадетското ЕП 2023

Комбинирана машка репрезентација до 16 години на пријателски двомеч против Грција

Комбинирана национална селекција од кошаркари родени 2007 и 2008 година, предводена од селекторот на кадетската машка репрезентација Александар Јованчев, ќе одигра пријателски двомеч против репрезентацијата до 16 години на соседна Грција.

Натпреварите против тимот на Грција ќе се одиграат во Солун, на 11. и на 12. Април 2023 година.

Подготовките за двомечот ќе се одвиваат во Скопје, во спортската сала Кале (голема).
Првиот тренинг е закажан за 10.04.2023 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот.

Кадетската машка репрезентација ќе има богата агенда во пресрет на настап на Европското Првенство за кошаркари до 16 години кое во периодот од 5. до 13. август ќе се одигра во Скопје, Македонија.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Сергеј Петровиќ – КК МЗТ Скопје А
  2. Марио Симиќ – КК Работнички
  3. Матеј Митревски - КК Баскет Кам
  4. Глигор Цаневски – МКК Куманово
  5. Даријан Димовски – КК Работнички
  6. Илин Најков – КК Вардар
  7. Лука Марјановиќ – КК Водно санс
  8. Дамјан Ивановски - КК Феникс
  9. Борјан Китановски – КК МЗТ Скопје А.
  10. Лука Антиќ – КК Феникс
  11. Жарко Терзиевски – КК Вардар
  12. Григориј Ѓорѓевиќ – КК Вардар
  13. Љубен Ефтимовски – КК Вардар
  14. Алексеј Нешовиќ – КК Вардар
     

    селектор Александар Јованчев
    тренер Кристијан Шумковски
    физиотерапевт Бранкица Перчинковска